Големиот дефект на главната водоводна мрежа кај Шум е саниран и од утрово Струга и околните населени места добија вода за пиење.

Прекинот во водоснабдувањето траеше два дена во кои екипипи на МЈП „Проаква“ – Струга без прекин работеа на отклонување. Конечно рано утрово околу 2.30 часот дефектот бил отстранет, а состојбата со водоснабдувањето полека се нормализира. Се очекува во текот на денот вода добијат и жителите во станбените згради на погорните катови.

Прiчина за дефектот според јавното претпријатие е застарената водоводната мрежа која е изградена пред половина век.

OhridNews