Деновиве на повеќе локации, од страна на ЈП „Охридски комуналец“се поставуваат  дополнителни 150 корпи за ситен отпад.

– Акцент  се става на автобуските и Тахи-постојките, детските игралишта, викенд населбите и сите пофреквентни улици во градот. Со овие активности сметаме дека ќе се придонесе кон подигнување на комуналната хигиена низ градот, велат од јавното претпријатие.

Оттаму со апел до граѓаните да се почитува Законот за јавна чистота и уредно да го депонираат отпадот во корпите за отпадоци.

OhridNews