Се стега обрачот околу блатото, архитектите предупредуваат на преголемата урбанизација
16.08.10 08:00
Министерството за животна средина и експертската јавност изразуваат загриженост поради начинот на кој се урбанизира Охрид. Стручната јавност реагира и на поставувањето на урбана опрема и времени објекти покрај рекреативната патека во заштитената зона на Студенчишкото блато, на што неодамна се пожалија и концесионерите на плажите.
– Охрид покрај урбанистичка и туристичка деградација, се соочува се повеќе и со еколошка деградација на ретките природни богатства заштитени со закон. Од година во година се стега обрачот околу Студенчишпкото блато. Внатре има и институција, како и обиди за градби. Ако се гледа однесувањето на локалната самоуправа кон блатото не е чудо ако наскоро не видиме тука и нацртани згради, бидејќи до надлежните не допира гласот на јавноста, медиумите и стручната јавност, вели Дејан Пановски од Министерството за животна средина.
Цел на интереси не е само Студенчишкото блато. Охрид години наназад е претворен во вистинско градилиште. Згради никнуваат на секоја слободна површина, а од градба не се поштедени ниту дворните места и парковите помеѓу старите станбени објекти. Од Асоцијалцијата на архитекти на Македонија забележуваат дека има недоволно јасни градежни зафати во Охрид за кои стручната јавност нема расправано и дека е потребна дискусија за да се донесе соодветно архитектонско решение.
– Охрид е град на УНЕСКО, што значи дека има посебен режим за користење на просторот и за заштита на природното и културното наследство. За тоа е донесен и нов закон, така да предуслови за едно дисциплинирано одлучување и обликување на просторот има, само треба да се почитуваат, вели Даница Павловска, претседател на Асоцијата на архитекти на Македонија.
Во моментов се проценува дека во Охрид има помеѓу 7 и 10 000 викенд станови. Дел од нив во лето незаконски се издаваат на туристи, со што се создава нелојлна конкуренција на легалните станоиздавачи, се менува структурата на туристите, но и демографската слика на градот за што најповиканите, надлежните институции на локално и централно ниво речиси и воопшто не дискутираат.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.