Вкупно 11 патнички возила се судрија утрово околу 9.30 часот на патот Велес-Скопје, соопшти МВР.
Според првичните информации, верижниот судир се случил кај местото „Штипска петља“. Засега нема информации за загинати и потешко повредени лица.
Увидот на местото на несреќата се уште трае.
извор:„Макфакс“