Возило на брза помош и патничко возило се судрија попладнево на улицата „Македонски просветители“. Освен материјална штета на возилата, во несреќата нема повредени.

До незгодата според очевидци дошло кога патничко возило излегувало од паркинг, а возачот на брзата помош во обид да го избегне скршнал во лево при што дошло до судир со друго патничко возило на спротивната коловозна лента.

На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција која треба да ги утврди причините за незгодата.

OhridNews