Сообраќајна несреќа се случи денеска попладне на улицата „15 Корпус“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, од засега непознати причични дошло до судар на возило и мотор. Во незгодата повреден е моторциклистот кој бил пренесен во специјалната болница Св. Еразмо.

На местото на несреќата извршен е увид.

OhridNews