Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.

Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот, инфoрмираат од СВР Охрид.

OhridNews