По земјотресите кои изминатите два дена беа регистрирани во Скопје и околината, утрово низа земјотреси ги потресоа и Турција, Грција и Бугарија.
Последниот во јужна Грција се случи во 11.59 часот со јачина од 3.6 степени според Рихтер. Претходно во Грција имаше низа земјотреси, од кои најсилниот беше утрово во 8.14 часот со јачина од 4.2 степени.
Низа земјотреси утрово се регистрирани и во Турција со јачина од околу 2.6 степени, а во 6.32 часот беше регистрирани земјотрес и во Бугарија со јачина од 2.5 степени.
OhridNews