Стружанец на возраст од 48 години вчера се удавил во реката Црн Дрим во Струга. Од полицијата информираат дека безживотното тело го пронашол случаен минувач по течението на реката, на излезот од градот.
Според првичните информации врз телото на давеникот, немало траги на насилство, а дополнително ќе се утврдуваат причините за овој случај.
OhridNews