Владата на вчерашната седница донесе програма со која се ослободуваат од плаќање на здравствената партиципација децата, чии родители се корисници на правото на социјална парична помош. Со мерката ќе бидат опфатени 24.267 лица и за таа цел од буџетот се издвојуваат речиси 20 милиони денари.

Ваквата одлуката да се ослободат од плаќање на партиципација лицата до 18 годишна возраст, чии родители примаат социјална парична помош, не само што ќе го олесни пристапот до здравствена заштита за една ранлива категорија граѓани, туку и ќе овозможи заштита на овие лица од дополнителни финансиски трошоци при користење на здравствените услуги, велат од владата.

OhridNews