Во каналот студенчишта денеска започнаа градежни работи, со што се уништува трската и природното живеалиште на бројни растенија, риби и дриги водни организами. Спортските риболовци го осудија таквиот чин и  тврдат дека корнењето на  трската од каналот се прави со цел да се изгради приватно пристаниште.

–  Неможеме да замислиме дека некој ќе може да помисли, а камоли да направи ваков гнасен чин, со кој се уништува флората и фаунатта на каналот Студенчишта. Атакот на каналот започна пред почетокот на летната сезона. Што ќе се случува за време на сезоната особено во шпицот на сезоната не сакаме ни да замислиме.-велат од СРК „Св. Апостол Петар“.


 
Споретските риболовци, за како што велат, „вандалскиот чин“,  ги алармирале инспекторите за екологија и очекуваат нивна брза реакција.

– Ако тие не преземат ништо ние рибарите ќе ги блокираме ваквите нечовечки чинови за да спречиме уништување на флората и фауната во каналот Студенчишта. Веднаш по празниците ќе закажеме прес-конференција за случувањата во и околу Охридското Езеро, а очекуваме и граѓаните на Охрид да го осудат овој атак врз природата, се наведува во реакцијата на СРК „Св. Апостол Петар“.

OhridNews