Екипите на Паркови и зеленило со активности за уредување на јавното зеленило. По претходни добиени решенија од локалната самоуправа, екипите спроведоа активности за кроење на крошни од дрвја во градскиот парк и во дворот на гимназијата Св.Климент Охридски, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите, додаваат од претпријатието.

OhridNews