Активностите за уредување на детските игралишта на територија на Општина Охрид продолжуваат информира градоначалникот Кирил Пецаков на фејсбук профилот.
Деновиве се изведуваа градежни активности за уредување на детското игралиште на улицата „Јане Сандански“. Детското игралиште веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога. После тоа следува поставување на детските реквизити, стои во објавата.

OhridNews












