Во тек се активности за санирање на детското игралиште во населбата Христо Узунов, со кое децата од овој дел од градот ќе добијат ново модерно уредено место каде ќе можат да го поминуваат своето време.
Екипа на ЈП Градски Пазар постави нова заштитна ограда на детското игралиште, по што следува и поставување на нови реквизити, со што ќе се добие уредена зона која најмладите ќе ја користат и во текот на летниот распуст, велат од претпријатието.
OhridNews












