Со 16 засадени дрвца и 3 клупи, деновиве се збогати станбениот комплекс „Расадник“. Акцијата е дел од  проектот „Охрид-град на цвеќето 2012“ на охридското јавно претпријатија „Комуналец“.


Покрај ревитализација на тревните површини, се планира и хортикултурно уредување надвор од централното градско подрачје. Засадените дрвцата се од видот „каталпа“, со кои во идните години би се формирал дрворед крај коловозот.


Од претпријатието во иднина најавуваат уште вакви акции за хортикултурн уредување на градските населби.

OhridNews