Механизацијата на ЈП “Охридски комуналец” вчера започна акција за чистење и уредување на населбата “Радојца Новичиќ”.

 Акцијата е дел од дополнителните ангажирања на ова јавно претпријатие за подигање на зелен и кабаст отпад од населбите во општината.

Во текот на месец ноември, секоја сабота ќе биде посветена на подигнување на кабаст отпад во останатите градски населби и тоа по следниот редослед: 

02.11.2013- нас.”Христо Узунов”, “Карабегомаала” и “Горна Влашка маала”
09.11.2013- нас.”Воска” и “Даљан”
16.11.2013- нас. “Видобишта”
23.11.2013- нас. “Црногорци”.

OhridNews