Екипи од „Паркови и зеленило“ деновиве, преземаат низа активности за уредување на  „Паркот на пријателство“, лоциран покрај пешачката патека кон Горица.

– Во паркот се поставува систем за наводнување со што трајно ќе се реши понатамошното одржување на ова парковско решение. Заради изведување на градежните работи привремено ќе бидат отстранети мермерните плочи кои го симболизираат збратимувањето и пријателството на Охрид со многу други градови од светот, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Оттаму додаваат дека со овој зафат ќе се стави во функција тековното одржување на „Паркот на пријателство“ до реализација на неговиот конечен изглед.

OhridNews