Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата „Св. Атанасиј” во село Лешани.
Како што информираат од Општина Дебрца ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2, травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи и садници.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
OhridNews