Екипа на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, утрово отпочна акција за уредување на тротоарот на улицата „Карпош Војвода“.
Покрај косењето на тревните површини, исечени се и исушените остатоци од дрворедот, кој во изминатиот период беше мета на несовесни поединци.
Од претпријатието информираат дека исчистен е и тревникот во сопственост на станарите, кој подолго време бил неуреден и полн со отпадоци.
OhridNews