Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ по налог на Општинскиот инспекторат ја санира пешачката патека по улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“.

Исто така, отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти, кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци.

„Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки површини и сообраќајниците.“ – велат од јавното претпријатие.

Оттаму ги потсетуваат  граѓаните дека се должни сами  да го одржуваат зеленилото на нивните имоти и дека истото не смее да преминува на јавна површина, бидејќи согласно  Законот за јавна чистота, овие дејствија подлежат на ригорозни казни. 

OhridNews