Во изминативе неколку дена екипите на  „Паркови и зеленило” при јавното претпријатие „Охридски Комуналец” почнаа со активности за уредување на зеленилото во дворовите од детските градинки.

При тоа, се сечеа израснати гранки кои надвисуваа над објектите и коловозот и уредуваа крошните.

Екипите на јавното претпријатие ги уредуваа и тротоарите каде се отстрануваше израснатата трева, а се посадија и нови садници на кружниот тек кај Охридска Банка.

OhridNews