Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве вршат пролетно уредување на дрворедот на улиците „Македонски Просветители“, „7-ми Ноември“ и на дел од булеварот „Туристичка“.
Се врши кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки и се врши оформување на крошните, информираат од локалната самоуправа.
Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.












