Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, јавното претпријатие градски гробишта, денес започна акција за уредување муслиманскиот дел од гробиштата.
Се чисти и расчистува просторот, комплетно се уредуваат и поплочуваат 100 гробни места, се средуват парковите и високото зеленило како и просторот помеѓу гробовите.
Од претпријатието најавија и средување на паркинг просторот.
OhridNews