Ј.П.Охридски Комуналец започна со низа активности за расчистување и уредување на локациите кои се користат за потребите на фестивалот „Охридско лето“.

Етапно се чистат локалитетите: Долни Сарај, Антички театар, Света Софија, дворот на О.У.Климент Охридски, пристапните патеки и сокаци. Се расчистува отпадот, хортикултурно се средуваат зелените површини и се метат јавните површини.

OhridNews