Екипите на „Јавно зеленило“ и „Јавна хигиена“, на иницијатива на општината деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона на булеварот „Туристичка“, како и на обновување на зелениот појас на потегот  од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид.

Во делот од пешачките патеки од двете страни на булеварот „Туристичка“ темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со  рачно отстранување на зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти, односно овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на нова тревна обвивка.

Активностите се одвиваат етапно, а временскиот период и временските  услови  се идеални  за овие хортикултурни активности за добивање на нов изглед на зелените јавни површини, информираат од јавното претрпијатие.

OhridNews