Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредување на тротоарите на градскиот Кеј . Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а од страна на работната единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ ќе се уредува и зеленилото покрај кејот.
Како што информираат од локалната самоуправа, претходно, до сите угостителски објекти на „Кеј Маршал Тито“ бил испратен налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, со цел да служи исклучиво за движење на пешаците.
OhridNews