Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” деновиве спроведува активности за партерно уредување на тротоарските површини на улицата „Ариф Мустафа“.
Градежниот зафат опфаќа поставување на бехатон плочки, парковски рабници и дрвени клупи за седење.
Според планираното, преостанатиот дел од простор ќе биде хортикултурно уреден. Работните активности се очекува да заврши до крајот на месец март.
OhridNews