Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со низа активности за уредување на јавното зеленило. Како што посочуваат од претпријатието временските услови, сончево и релативно топло време, поволно влијаат на вегетацијата, па оперативните служби се насочени кон уредување на јавното зеленило на многу локации во градот и приградските населби.
Се косат зелените површини, се кастрат гранки, се отстранува дива вегетација, потоа се отстранува ниска вегетација од тротоари и покрај патеките, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.


OhridNews











