Екипите на охридското јавно претрпијатие „Комуналец“ викендов започнаа да реализираат голем број активности за уредување на градот.
Во централното градско подрачје, со специјална рачна механизација се косеа тревниците , односно хортикултурно се одржуваат зелените површини.
Инаку, оваа седмица се изврши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад во градскиот парк, се расчистија граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обрасната трева и песок на “Булевар Туристичка”, а се уредуваат и локации во стариот дел од градот.
О.Т.