Екипи од ЈП „Охридски комуналец“ деновиве извршија хортикултурно уредување на сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Се расчистуваше ниската вегетација околу осветлениот грб на општината, како и околниот простор каде се искоси тревата и расчисти просторот.
Хортикултурно се уреди и кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населбата Даљан.
Согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год се изврши расчистување на сливните шахти на Булевар „Туристичка“ и отстранување на тревната вегетација околу граничниците заради планираната активност на локалната самоуправа за фарбање на граничниците.
По повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители хортикултурно се уреди и просторот околу споменикот на Светите Кирил и Методиј.
OhridNews