
Според информациите на АМСМ сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крушево, Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар и Деве Баир.
Поради појава на магла, видливоста на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато е намалена на 50 – 100 метри.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews












