Повеќе од две недели не се санирани oштетувањата на стариот охридски Чинар. На 6ти декември од тежината на снегот се скрши една од гранките на чинарот, која се уште стои како што паднала.

Неодамна беа преземени мерки за санација на стариот чинар, но за жал тие не го заштитија ова древно дрво прогласено за споменик на природата, кое полека ја губи битката со времето.

OhridNews