Иван Цветкоски, се’ уште актуелен вршител на должноста директор на ЈП Билјанини извори, и по поднесувањето на оставката, останува на функцијата се додека од страна на градоначалникот Никола Бакрачески не се назначи друго лице кое ќе ја извршува оваа функција.

Од локалната самоуправа потврдуваат дека оставката на Цветкоски е доставена до градоначалникот и информираат дека во моментов таа се разгледува. Сеуште не е одлучено дали за прв човек на јавното претпријатие повторно ќе биде назначено лице вршител на должноста директор или пак ќе распише оглас за избор на директор.

Цветкоски оставката ја поднесе на крајот на минатата недела со објаснување дека ја поднесува од лични причини и дека и понатаму останува во јавното претпријатие .

Во јавноста веќе се шпекулира со повеќе имиња кои би го наследиле Цветкоски во ЈП „Билјанини извори“, меѓу кои се спомнува името на претседателот на УО и актуелниот вршител на должност директор на ЈП Гробишта.

OhridNews