Од ЈП „Нискоградба“ објаснуваат дека всушност станува збор за една куќа чиј сопственик не дава одобрение да се извршат потребните активности за приклучување кон колекторскиот систем, односно да се изврши приклучокот во дворното место од неговата куќа.
Минатата година, по поплаките на жителите од овој дел од градот, на терен излогоа и од општинскиот инспекторат од каде потоа беше кажано дека на сопственикот му било врачено извршно решение со укажување- приклучокот на канализационата мрежа да се изврши во рок од три дена, и дека во спротивно ќе следува казна во висина до 1200 евра.
Градоначалникот Никола Бакрачески со ветување дека од страна на локалната самоуправа проблемот ќе биде разгледан.
–Ветувам дека ќе побарам од надлежните служби повеќе информации за проблемот и доколку има опасност од загрозување на квалитетот на езерската вода на овој потег ќе пристапиме кон мерки за отстранување на овие проблеми, изјави Бакрачески.
Опасност од органско загадување, во крајбрежниот дел на езерото од објекти-домаќинства кои не се приклучени во колекторскиот систем за пречистување на отпадните води има и на потегот од селото “Пештани” до “Св.Наум”, како и кај вливот на реката Велгошка и од Струга до селото Радожда.
Инаку, според последните испитувања на Центарот за јавно здравје, квалитетот на водата од Охридското езеро е од прва и втора класа.