Рано утрово продолжи потрагата по 52-годишниот бугарски државјанин кој исчезна вчера при нуркање во водите на Охридското Езеро.

Екипи на Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачи пребаруваат поширок терен кај Трпејца каде се случил настанот, изјави за Охридњуз портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Случајот бил пријавен во полицијата вчера во 13.15 часот. Според пријавата И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Неофицијално, тој бил заедно со уште едно лице со кое вршеле длабинско нуркање и на себе имал тешка опрема.

Г.М.
Фото: Илустрација