Познатата пејачка Кристина Агилера се верила со своето долгогодишно момче Метју Ратлер. Метју пејачка ја запросил на Денот на вљубените, а со дијамантскиот прстен Кристина се пофалила пред своите следбеници на Твитер.
„Ме праша и реков да“, напишала познатата пејачка покрај фотографијата. Извор близок до парот вели дека Кристина и Метју се многу вљубени и дека се возбудени поради веридбата. Кристина Метју го запознала пред три години на снимањето на филмот „Бурлеска“ и оттогаш се неразделни.