Наследничката на формула 1 Тамара Еклстоун ќе се омажи следната година за Џеј Рутленд, поранешен брокер кому му е забрането да работи на берзата поради недостаток на „чесност и интегритет“. Тој ја запросил постарата ќерка на Берни Еклстоун за време на романтичниот одмор на Дубаи каде отишле по повод денот на вљубените, а Тамара оттогаш носи сребрен прстен.

Пријателите велат дека Тамара знае се за новиот вереник, бидејќи тој бил искрен со неа од почетокот на врската. Веридбата била објавена само седум месеци откако Тамара раскинала со бизнисменот Омар Ками, поради неговите секси снимки со други девојки кои се појавиле во јавноста.