Таткото на пејачката Никол Шерцингер, која веќе четири години е во врска со возачот на формула 1 Луис Хамилтон им открил на медиумите дека тие се вериле. Во интевју за весникот “De Mejl on Sandej” Алфонсо Валијенте, татко на атрактивната пејачка, изјавил дека Луис ја запросил неговата ќерка по четири години забавување и истакнал дека е горд на нивната врска.
Рекол дека неговиот иден зет е многу добро момче, кое не е занесено од славата која ја стекнал. Додал дека се запознале минатото лето на одмор на Хаваите, кога се воодушевил од фактот што момчето на неговата ќерка е сосема едноставна и нормална личност. Истакнал дека целото семејство го засакало. Бил многу искрен и со Никол биле навистина среќни што се заедно.