Критична е здравствената состојба на легендарниот голман Рушту Речбер кој е заразен од коронавирусот (Ковид -19). Поранешниот турски репрезентативец се бори за живот со помош на респиратор, на кој е приклучен од доцна синоќа.
Турските медиуми информираат дека голманот се заразил од сопругата, која не ги почитувала мерките и препораките за двонеделен карантин и самоизолација после враќањето од САД.
Речбер е рекордер по бројот на настапи во селекцијата на Турција со вкупно 124 натпревари. Во текот на кариерата, легендарниот турски голман беше дел од Барселона, Бешикташ, Фенербахче и Анталија.
OhridNews