Авиокомпанијата „Алиталиа“, од 2-ри мај 2014 година, ќе воведе нова директна линија на релацијата Скопје – Рим.
Летовите ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје – Рим, а од јуни ќе биде воспоставен целосен распоред со секојдневно летање.
-Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталиа има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопштиле од претставништвото на „Алиталиа“ од Белград.
„Алиталиа“ го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.
OhridNews