Туроператорот „Корендон“ воведува дополнителен, четврти чартер лет од Амстердам за Охрид и го зголемува закупот на капацитети во хотелите на охридско – струшката ривиера. Барањето деновиве било проследено до македонскиот партнер „Фибула ер травел“.Холандскиот туроператор го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери, кои по долги години ова лето ќе бидат исполнети со странски гости. Задоволството е дотолку поголемо затоа што бројките кои ќе се остварат оваа сезона беа предвидени за следната година.
-Барањето на холандскиот туроперaтор за нови соби под исти услови за уште еден лет пријатно не изненади. За нас тоа значи многу и ни влева доверба дека добро сме ја завршиле нашата работа, дека партнерот „“Корендон“ е високо професионален и дека имаме македонска агенција која знае да спакува добар туристички производ. Најважно од се е дека граѓаните од регионот добро ги примиле гостите и претпоставуваме дека тоа ни го носи четвртиот лет кој се надеваме дека ќе се полни и наредната година ќе имаме пет или шест летови, изјави Танески.











