Владата ги усвои измените на Законот за возила, со кои се воведуваат определени новитети кои имаат за цел да бидат во функција на граѓаните и компаниите и нивните интереси, и да се модернизираат состојбите, подобри услугата и заштедат трошоците.

Меѓу усвоените измени е и воведувањето на налепница. За учество во сообраќај на патиштата, освен што возилото треба да биде регистрирано, да има важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење,  да биде означено со пропишани регистарски таблици, возилата ќе треба да бидат означени и со налепница за извршена регистрација.

–    Целта е службеното лице на МВР да не мора да го проверува секое возило во сообраќајот дали е регистрирано, бидејќи регистрацијата на возилото ќе ја препознае преку налепницата која треба да биде истакната на видно место, што претставува решение по европски терк. Со ова, застанувањата ќе се намалат за голем процент, што е во интерес и на полицијата и секако на граѓаните, потенцира портпаролот на владата на РМ, Александар Ѓорѓиев.

OhridNews