Со вчера усвоената одлука на советот за започнување на постапка за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинзите, се воведува зонско временско и зонско просторно паркирање .

Како што објасна градоначалникот Александар Петрески, максималната цена за паркирање вон централното градско подрачје ќе биде 30 денари, а во централното градско подрачје максималната цена ќе биде 40 денари. Секој нареден час од времето  на користење на паркинг просторот ќе се наплаќа 10 денари помалку. 

Градоначалникот Петрески смета дека на овој начин ќе се решат голем број од недостатоците согледани во изминатиот период околу паркирањето, пред се во централното градско подрачје.

–    Основната цел од наплаќањето за паркирање е да се создаде ред во одвивањето на сообраќајот и да се намалат конфликтите , а не да се земаат  пари, рече Петрески.

Претходно најавеното воведување на бесплатно паркирање вон летната сезона, Петрески вели дека ќе се воведе по новогодишните празници. 

Т.К.