Ноќеска во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишно лице од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник (20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај возачот се утврдени 1,05 промили, а кај сововачот 1,19 промили алкохол во крвта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.