Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови по влажни коловози, но без забрани за движење на возилата.

На повисоките места сеуште се бележат остатоци од снег по коловозите.Во југозападниот дел на Македонија провејува слаб снег кој не се задржува на коловозот. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради почеста појава на одрони.

Патниот правец Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Забележана е појава на голомразица по мостовите и осојничавите места. Особено да се внимава на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на одрони.

OhridNews