Невработениот Родригез добил астрономска сметка по лечењето од воспаление на белите дробови во болницата Bronx-Lebanon.
Откако се вратил дома, за малку повторно ќе завршел во неа поради шокот што го доживеал откако видел дека на болницата и е должен 44,8 милиони долари.
Но, не бил единствен со ваква сметка. Компанијата која е задолжена за испраќање болнички сметки на домашни адреси, ја признала грешката и соопштила дека сите сметки испратени во тој период се поништуваат и ќе бидат испратени нови. “Грешката во системот“, како што ја нарекле, всушност била поради тоа што наместо износот бил пишуван поштенскиот број на кој сметката требало да биде испратена.