Во тек се активности на екипите од ЈП Нискоградба на ул. „ Питу Гули’’ кои вршат преприклучување на фекалните приклучоци во мрежата за фекална канализација и уличните сливници во атмосферската канализација.

Од јавното претпријатие информираат дека до сега функционалноста на фекалните приклучоци била оневозможена од приклучување на фекални води во атмосферската канализација и обратно.

– Со оваа активност на Јавното претпријатие  ќе се изврши одвојување на фекалната од атмосферската канализација и ќе се постигне  зголемена функционалност и на двете линии, велат од јавното претпријатие.   

OhridNews