Товарно возило со старо железо утрово се запали на патот Струга – Ќафасан, кај Мали Влај. На местото на настанот интервенираше струшката противпожарна служба, која со две возила го гаснеше пожарот кој го зафати возилото.

Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот, како и висината на настанатата штета.

OhridNews