Инцидентот се случил вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, кога избувнал пожар.

Повредени лица нема, а возилото, сопственост на 34-годишен жител на Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews