Пожар изби во патничко возило попладнево на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар.
Најпрвин реагирале околните дуќанџии со ПП апаратите кои ги поседуваат, а веднаш пристигнала и екипа на Професионалната противпожарна единица од Охрид. Пожарот бил успешно локализиран.
Во инцидентот предизвикана e поголема материјална штета.
Поради пожарот кусо време сообраќајот на овој потег од булеварот „Туристичка“ се одвиваше отежнато.
Г.М.